Оризопроизводителите го блокираа патот Штип-Кочани – незаводолни се од откупната цена

„Произведуваме храна, а трпиме за леб „-порачаа оризопроизводителите од Кочанско, кои денес по којзнае кој пат го блокираа регионалниот пат Штип-Кочани, кај селото Облешево.Барат оризовата зрпа се продава од 40 до 45 денари во зависност од сортата, како и зголемување на количините на зелена нафта.
„Ланската реколта беше откупувана од 15 до 18 денари, а сега се откупуваа од 22 до 25 денари. Ова значи дека производната цена е дупло помала од откупната цена. И кажете ми кој може да опстое„-изјави Здравко Арсов од Иницијативниот одбор.
„Се фалат со субвенции. Субвенциите за нас се како ллижавче за мало дете. Подобро да ги прекинат, ама да направат интензивен откуп на оризот и да формират реална цена„-рече Стојче Ангелов, оризопроизводител.
„Јас имам еднно прашање до власта. Како може да издвојат стотици илјади евра за празнување н празници, а овде народот умира од глад. Ниту имаме здравство, ниту имаме пензиско. Секој ден пропаѓаме во долгови„-изјави Стојче Ташовски, оризопроизводител.
Оризопризводителите поддржка добија и од лозарите. Тие се заканија доколку до наредниот понеделник министерот не се сретне со нив и не се корегира откупната цена на грозјето, ќе излезат на протести.
„Вака не се живее. Доаѓа зима, деца не можеме да испратиме на училиште, ниту да купиме дрва. Нема живот повеќе„-рече Дане Јошев-Здружение „Тиквешки лозар„-Кавадарци.
„Од овде сакаме да испратеме јасна порака дека македонскиот аграр е пред колапс. Да упатиме порака и до граѓаните дека ние ќе бидеме гладна нација, ќе немаме храна да се прехранеме. 10% од површините не се обработуваат„ рече Ѓорги Каракашев
Оризопроизводителите се категорични, тракторите нема да ги тргнат се додека на барикадата во Облешево не дојдат премиерот Ковачевски и министерот Николовски и во очи им кажат каква стратегија ќе преземат за да ги извадат од кризата во која се наоѓат.
Александра Ристевска