Орбан: Бриселската елита живее во меур и нема контакт со реалноста, нема невладините на Сорос да одлучуваат за Унгарија

Премиерот Виктор Орбан во радио-интервју ги повика сите Унгарци „кои ја сакаат својата земја и ги поддржуваат нејзините интереси да учествуваат на изборите за Европскиот парламент на 26-ти мај.

„На Брисел мора да му се покаже дека ова што се случува во Унгарија е желба на нејзините граѓани. Нема во Брисел по канцелариите на партиите кои се туркани и влечени кон левицата или низ невладините на Сорос да се одлучува што ќе се случува во Унгарија и Европа. Нема да ги следиме диктатите на Брисел ако не се добри за Унгарците“, вели Орбан.

Коментирајќи ги изјавите на канцеларката Ангела Меркел дека е неприфатливо одредени држави во ЕУ да одбиваат мигранти, Орбан вели дека про-имигрантските држави и нивните лидери не се откажале од нивниот план да ја променат централна Европа.

„Но луѓето од централна Европа имаат повисока морална позиција бидејќи, за разлика од западните Европејци, не им кажуваат на другите како треба да живеат“.

Унгарија нема да се откаже од своите фундаментални права и Унгарците ќе продолжат да носат важни одлуки за прашања кои влијаат врз нивните животи, додава тој.

Бриселската елита живее во меур и изгуби контакт со реалноста“, вели во своето радио интервју премиерот на Унгарија.

Малку ни се лути во Брисел“, рече Орбан во врска со спорните билборди и кампањата поради која 13 членки на ЕНП побараа исклучување на ФИДЕС. „Но, луѓето мора да бидат потсетени дека дури и пред неколку недели Европскиот парламент со поддршка од левичарските унгарски партии одобри трипати поголем буџет за следниот седумгодишен буџетски период“.

Орбан вели дека целта е луѓето и понатаму да бидат информирани за плановите на Брисел. Тој се надева дека после изборите за Европскиот парламент „ќе дојдат подобри времиња па ќе можеме да изградиме нова Европа со активно учество на Унгарија“.