Општините бараат пари за сметките за струја, помош сакаат и Јавните претпријатија – Владата ги игнорира

Стуен удар за општините. Власта ги остави сами да најдат пари како да ги подмират енормно високите сметки за струја. ЗЕЛС тврди дека сметките на општините се шест кратно зголемени бидејќи уште на почетокот на енергетската криза добавувачите на струја еднострано им ги раскинале договорите поради енормиот раст на цената на светкиот пазар. Сега велат од Заедницата на локалната самоуправа, за плаќање приморани се да се трошат средства од општинските буџети кои се предвидени за други намени, а не малку општини до крајот на годината ќе бидат со исцрпени финансии. Тие седнаа на заедничка маса со владини претставници, но како што велат се останало ветување.

  • Наспроти тоа, во континуитет следеа јавни обвинувања кон општините, па дури Регулаторна комисија за енергетика се дрзна и ги обвини општините дека се директни виновници за покачувањето на електричната енергија за домаќинствата, што апсолутно беше целосна дезинформација – реагираат од ЗЕЛС.

Од владата финансиска поддршка побараа и јавните претпријатија односно Водовод и канализација, но Битиќи денеска им порача за помош да се обратат кај локалните власти. Општините требало навреме да мислат и да направат ребаланс на буџетот, но тоа го сториле само 10-тина.

  • „Не можеме да дозволиме во момент кога ќе биде тешко тогаш да заборавиме на фискална децентрализација, и на децентрализирани надлежности. И да бараме од централната власт таа да реагира. А, при тоа локалната власт која е примарна нивна надлежност, обезбедувањето на комунални услуги, да каже дека не се надлежни“, рече Битиќи.

Од јавните претпријатија предупредија дека доколку Владата не им излезе во пресред, од септември на адреса на граѓаните ќе стигнат повисоки сметки за вода и комуналии.

Викторија Миткова

Поврзани вести