Општина Штип поднесе кривична пријава за екс-директор на ЈП Исар

Кривична пријава против поранешен директор на штипското комунално претпријатие Исар , денеска поднесе градоначалникот на Штип, Иван Јорданов. Од Основното јавно обвинителство бара да поведе постапка за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Според документацијата, како што тврди Јорданов,поранешниот директор во 2018 година наместил тендер за набавка на метларка. Машината која  не е функционална чинела 90.000евра и е набавена во периодот кога комуналното претпријатие се давело во долгови.

  •   „Имаме основано сомнение дека е извршено влијание затоа што станува збор за иста техничка спецификација на компанијата којашто ја произведува оваа метларка, со техничката спецификација по којашто е распишана јавната набавка и тендерот. Затоа најверојатно имало ограничувачки услови за ниту една фирма да не се пријави на тендерот, а метларката е набавена по енормно висока цена„ изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Освен оваа, Јорданов најави дека во наредниот период до Основното јавно обвинителство ќе поднесе и други кривични пријави.

  • Во минатото јас неколку пати повикував надлежните институции по допрен глас да излезат и да побарат соодветна документација.  Очигледно, никој не се одзва на повикот, затоа ќе мора јас лично да ги доставам соодветните докази, не само за директорот на „Исар„, туку и за други функционери од минатото, за основани сомненија за сторени кривични дела коишто ги утврдил ревизорот при извештајот што ни беше доставен до нас„рече Јорданов.

Во  кривичната пријава која денеска ја поднесе Јорданов пишува дека машината за метење на јавно-прометни површини е набавена преку компанијата „Сандра-М„ од Кавадарци, која врши транспорт и поседува концесија за ископување на минерални суровини. Во самата спецификација на јавната набавка е наведено дека се бара машина, што е сосема идентична на модел што го произведува„ Брако„ во која основач е поранешен, а во тој момент актуелен потпреседател на македонската влада за економски прашања. Во истиот период ваква машина набавиле и комуналните претпријатија во Кочани и Велес. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста