Општина Штип не се откажува од идејата за јавен градски превоз

Штипската Локална самоуправа повторно ќе проба да го реше проблемот со јавниот градски превоз во градот. Се планира да биде распишан тендер за набавка на шест ниско профилни автобуси со еуро шест стандарди. Автобусите ќе сообраќајат по шест општински релации со што ќе бидат опфатени сите населби во општината.   Изјава-Иван Јорданов-градоначалник на штип

„ Ќе бидат опфатени сите населби на територија на Штип. Во осум термини од денот што значи дека граѓаните ќе имаат можност во текот на денот во осум термини да ги користат автобусите на јавниот градски превоз. Ова за нас е новитет. Долги години штипјани бараа да има градски превоз„-изјави Иван Јорданов, градоначалник  на Штип.

И според штипјани, градскиот превоз е суштински недостаток со кои се соочуваат граѓаните. Според нив воведувањето на автобуски линии кои би возеле по симболична цена значително ќе го намалат притисокот врз семејниот буџет.

Градот ни е голем, ни требаат автобуси. Таксињата се изгор скапи. Кога ќе има редовен превоз граѓаните ќе знаат распоред и ќе биде полесно. Посебно автобуси треба да има кон приградските населби„коментираат граѓаните.

  Според првичните калкулации билетот за градски превоз би чинел од 20 до 30денари во зависност од релацијата. Претхопдно Штип имаше два неуспешни обиди преку јавно-приватно партнерство да го реши проблемот со градскиот превоз во градот. И на двете тендерски постапки не се јави ниту една компанија, поради што на штипјани единствено им останаа  прескапите  такси услуги.

Александра Ристевска

Advertisements