Општина Чаир не знае колку пари ќе потроши за моноетнички сувенири

Општина Чаир не знае колку пари ќе потроши за набавка на моноетнички сувенири. Станува збор за изработка на леени фигури, ама само на албански значајни личности. Колку пари на чаирчани ќе бидат потрошени за набавка на овие сувенири ќе дознаеме кога ќе се избере најповолен понудуват кон крајот на месецов.

  • Се работи за сукцесивна набавка, што значи дека се предвидени максималните количини и предвидени средства што не значи дека ќе бидат искористени сите. Јавното отварање е на 19 август. Потоа ќе Ви доставиме информација во однос на предвидените средства за предметот на набавка која во зависност од доставените понуди, велат од Општината за Алфа.

И тоа не е се. Во тендерот кој е објавен на веб страницата на општината, се бара да се купат и 1.000 столици, над 500 чаши и шишиња – сувенири, сите гравирани со логото на Општината. На листата се и дрвени привезоци, украсни камења.

  • Се организираат различни активности, се остваруваат средби со високи државни и странски претставници, фондации и организации, делегации, амбасадори, успешни млади, како и институции со кои се склучуваат билатерални соработки. Имајќи го предвид обемот и значајноста на овие средби како и покажување на еден мал гест кон нашите гости, ние како Локална самоуправа имаме потреба за конкретната набавка и истовремено во обем, кој не би влијаел кон преземените мерки за соочување со економската криза.

Во тендерот се бараат и алуминиумски фигури со ликовите на „Скендербег“, „Мајка Тереза“ и „Хасан Приштина“. Од Општина Чаир не објаснија врз основа на кој критериум се избраи овие имиња и зошто меѓу нив нема ниту еден Македонец.

И тука не е само општина Чаир. Владата на големо апелира да се штеди, а на дело не си ги почитува ни сопствените апели. Колку за потсетување, само за набавка на мебел во ресорните министерства, изминативе месеци Владата потрошила околу 300.000 евра.

Борис Грујоски