Општина Струга се поднови со четири автомобили – најскапиот за Мерко

Црното ауди А6 од 70.000 евра, воопшто не е скапа лимузија, вели струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, туку автомобил кој го има секој просечен македонец-но, знаете како вели онаа народната: зад добар коњ, прашина се дига. Сите фунционери имале скап возен пар, но со купувањето на 4-те автомобили во вкупна вредност од 114.000 евра, тој во јавноста бил трн во око, оти бил многу успешен.

Мерко вели дека аудито А 6 и трите шкоди ќе ги користела локалната самоуправа, но во комфорните автомобили со 5 седишта од по 18-тина илјади евра ќе се возеле и инспекторите не само за службени патувања, туку и низ град. Скапите шкоди немале голема зафатнина, а ќе им служеле за теренско работење оти Стуга се протегала на територија од 50 км и не се одело пеш нити со велосипеди. Тој се пожали дека до сега возниот парк го сочинувале стари и расипани автомобили а тој се возел во 14 години стар мерцедес и адуо кое-како што рече, го јаделе глувци. Мерко прилично упатен, појасна зошто си приуштил службен автомобил од 70.000 евра.

Побрзи коли, поефикасна администрација-вели Мерко од вработените сега очекува поголема ажурност, отиу со новите коли, ќе летаат по струшките уливи, обавувајќи ги секојдневните обврски.

Росица Голабоска