Општина Струга потрошила 800.000 евра за оддржување дива депонија

Близу еден милион евра-толку потрошил градоначалник Рамиз Мерко за одржување на струшката дива депонија,ама само на хартија.Во последните 4 години од 2018-та до септември 2022-ра на име одржување и изградба на депонии за отпад, општината има потрошено 820.000 евра пари, тоа е огромна сума-вели советникот Ален Деребан од редовите на ВМРО ДПМНЕ и додава дека само за последниот кваратал од годинава општината прикажала дека за санирање на депонијата отишле 65.250 евра народни пари.

Изјава Ален Деребан-советник ВМРО ДПМНЕ: Се сомневам дека реално се трошат тие пари за одржување на депонијата, затоа што дивата депонија во Струга уште е реалност кај нас и апсолутно ништо не е превземено за нејзино дислоцирање.Износот од скоро милион евра е огоромен трошок, не можам да тврдам, меѓутоа сигурно дека со тие сретства може реално барем да се отпочне дислокација на дивата депонија во Струга.

Струшката депонија претставува една од најопасните нестандардни,диви депонии во државата со оглед на тоа дека на истата не е воспоставен систем за контрола на видот на отпадот кој се одлага. Стружани гневни,природонаучниците укажуваа дека таа се наоѓа на плодното струшко поле каде во непосредна близина има и посеви, чиј род завршува на пазарите, што е катарстрофално.

АНКЕТА: 1.„Години ова кај што се вели,депонијата беше кај царината горе, тие ја ставија онде зошто, за пари, за интерес.Местото си е негово тој коли, тој беси“; 2.„Треба воља,треба луѓе,треба кадар, треба пари,поголем фонд на пари, контрола на парите и така“

На депонијата која е оддалечена само 500 метри од првите куќи,годишно се одлагаат 40.150 тони смет,не само од Струга туку и од Вевчани, а сега и лабуништани побарале да го носат ѓубрето сред град. Депонија беше главно ветување на Мерко во битката за третиот градоначалнички мандат кој сега го турка.Едниствено се направи претовара станица, која никогаш не профункционира.

На постоечката локација започна да се одлага отпад во 2006-та година со одлука на административна власт на чело со тогашниот и сегашен градоначалник Рамиз Мерко.

Новинар Росица Голабоска
Снимател монтажа Златко Маневски

Advertisements