Општина Охрид блокирана од УЈП: Претходната локална власт на СДСМ четири години не плаќала ДДВ за ЈП „Билјаници извори“

Управата за јавни приходи ја блокира општина Охрид бидејќи јавното претпријатие “Билјанини извори ” кое е под општинска капа, 4 години не го плаќало ДДВ-то, создавајќи долг кој достигнува вкупна сума од близу 650.000 евра. Ова вели градоначаникот Пецаков ќе ја дотолчи оштината,која повеќе од деценија работи со блокирана жиро сметка,иако  вели,успеавме долгот од близу 14 милони евра да го намали на околу 3 милиони евра.Тој појаснува дека долгот кон УЈП изнесува приближно 325.000 евра, но заедно со каматите и присилната наплата,долгот кон УЈП се дуплитал достигнувајќи фантастичи 650.000 евра.

-Тоа е дополнитена тежина за општина Охрид, значи не нашла за сходно подрачната единица во Битола да блокира во 2019-,2020-та,2021-ва,сега беше потребно на крај на и така комплицираната година,тековно да одземе сретства во висина од еден месечен приход на општина Охрид, изјави Пецаков.

Многу е тешко да се работи со блокирана жиро сметка и да се реализираат проекти, дополнителна тежина е што и јавните претпријатија блокирани работат со судска финансиска рамка, но во 21 век суште има граѓани кои немаат елементарни услови за живот, вели Пецаков кој го отвори вратите за граѓаните. 

-Значи ние имаме сеуште да бидам прецизен во централно градско подрачје има места кои сеуште не се поврзани на канализациона мрежа, така да тоа е една од основните работи секако пристапот до вода на секој граѓанин не е еднаков, изјави Пецаков.

Во минатото беше пракса државата односно централната власт да им помага на општините,вели генералниот секретар на партијата Сајоски.

-Сега јас ја повикувам и оваа власт да се насочи кон тоа и максимално да помогне на општините, бидејќи со помош на општините се подобрува дирекно животот на граѓаните во општините од каде што доаѓаат, изјави Сајкоски.

Градоначалниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ овој и наредниот викенд им даваат можност на граѓаните проблемите кои ги имаат да им ги предочат со цел истите да бидат вградат во идните буџети на општините.Најголем проблем за граѓаните сеуште е водоснабдувањето,средувањето на комуналната и патна инфраструктира.

Росица Голабоска

Advertisements

Поврзани вести