});

Општина Гевгелија доби од Владата 60,7 милиони денари за раздолжување

Владата на Република Македонија и одобри на општина Гевгелија 60,7 милиони денари за плаќање на стари долгови кон доверителите. Основните буџетски приходи на општината за наредната 2019 година, наместо планираните 215 милиони денари, сега ќе изнесуваат 275,6 милиони денари.

– Парите се пристигнати во општинската каса и со нив имаме обврска да ги исплатиме старите долгови кон нашите доверители заклучно со 30 јуни идната година. Со сите исплати реализирани годинава, општинскиот долг изнесува 118 милиони денари и со доделените средства од Владата треба да исплатиме 51 отсто од долгот, рече градоначалникот Сашо Поцков.

Околу начинот на исплата, Поцков истакна дека општина Гевгелија ќе објави повик за пристап на фирмите кон овие средства со цел тие да понудат дисконт од својата побарувана сума и нагласи дека главниот збор околу исплатата на средствата кон доверителите ќе го имаат советниците кои ќе имаат можност да се изјаснат за листата за распределба на средствата.