Општината Битола ќе се раздолжува, ама со пазарење

На почетокот од идната година, Општината Битола конечно ќе се раздолжува кон своите доверители, но и единките основани од нејзе, како што се училиштата, градинките и другите субјекти од областа на културата и социјалната заштита. Иако во апликацијата до Владата Општината Битола достави цифра од 307 милиони денари како финансиски баласт кон доверителите, според Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа им беа одобрени два и пол милиони евра, или половина од тоа што го очекуваа. Од денеска, веќе им тече законскиот рок од 15 дена на Јавниот повик до доверителите со доспеани побарувања до 30 септември оваа година, во кој поставуваат два услова- доверителите да се откажат од затезните камати и да прифатат намалување на главницата за петнаесет проценти, што допрва отвора порстор за пазарење, во кое, на збор ќе се појави и третиот услов, да немаат поднесено тужби или да ги повлечат, доколку сакаат за брзо да добијат пари.

  • Во овој период не би преудицирала како би се одвивале работите зашто едно е како гледаме ние од наша страна, аккао гледаат доверителите од друга страна. Меѓутоа, факт е дека со ова можат да се обезбедат голем дел од средствата што ним им требаат и нато начин би имале голем број на срдства што би претставувале обрт во нивните бизниси и верувам дека во таа насока ќе размислуваат сите бизнисмени- рече градоначалничката м-р Наташа Петорвска.

Бидејќи има достасано долгови од една до четири години и се наѕидани со дебели камати, некои доверители сметаат дека Јавниот повик е непристоен предлог на Општината или уцена, иако формално с`е е по Закон. За нив, посигурна варијанта ќе биде да тужат и своето побарување да го отстапат на други субјекти што имаат финансиска кондиција и од Општината парите да ги земат во судска постапка со 11% затезна камата, плус судски трошоци, а доверителите во нивна полза според досегашни искуства на отстапувани побарувања, ќе им дадат 10% дисконт. Обидот на општинарите со еден куршум да отепаат три зајаци, уште повеќе се компликува кај превозниците на линискиот превоз на кои училишта последниве месеци им ги враќаат фактурите, а вкупно должат 4,5 милиони евра. Исходот е сосема неизвесен, а некои сметаат дека од овој обид ќе се изроди и втор јавен повик со поповолна понуда.

Петар Стефановски