Оптимизам на стартот на туристичката сезона во Охрид

Доаѓањето на холанските гости на ривиерата ги подгреа надежите на туристичките работници,дека ова лето Охрид нема да биде празен за разлика од лани кога поради ковид пандемијата странците секојдневно ги откажуваа склучените аранжмани.Првиот човек на Агенција за промоција и поддршка на туризмот,прилично оптимистички, очекувал ова лето да бидат реализирани околу 2,5 милиони ноќевања во македонските туристички центри. Но, екпертите велат не е важен само бројот на ноќевања, туку структурата. Во овој проглед статистиката говори дека од 2019-та па до 2021-ва година, на ривиерата доминирале домашни гости.За илустрација во2020-та само 15 % од гостите биле странци, а лани, тој процент излесувал 25 %.

Згора на се’ последиците од  руско-украинскиот конфликт силно ќе се одразат и врз македонскиот туризам.

Секако ќе се одрази лошо, се надеваме дека ситуацијата нема да кулминира,се надеваме да се смири и да биде подобра или на крај на краиштата да не биде полоша од сегашниов момент рече Челик Асим-ТУЈ Македонија.

После 20 години, Македонија ги врати визите за руските туристи кои заклучно со 15 март годинава,можеа да патуваат во нашата земја без тоа парче хартија. Во 2020-та за прв пат се воспоставија авионски линии кон Москва но и кон Киев.

Како што знаете ние се членка на НАТО исто така дека линиите се прекинати повеќе месеци и за лето 2022-ра како и во други европски дестинации така и во нашата многу малку се очекуват руски туристи да не постетат.Според мене, мислам дека таков беше договорот со МНР и понатаму за ова прашање ќе треба да го прашате МНР вели Љупчо Јаневски-Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Сепак Јаневски се надева дека ова лето кај нас ќе одмараат од 30 до 50 % повеќе туристи во однос на лани.Она што е реалност е дека туризмот ќе сведе на гостите од Холандија,Полска и Турција и по некое кружно патување на туристи одМалезија,Индија и Израел.За прв пат барем според сегашните најави во Македонија организирано ќе летуваат околу 8.000 гости од Велика Британија.

Росица Голабоска

Поврзани вести