Опозицијата ќе ја блокира амнестијата: Власта по скратена постапка сака да ослободи криминалци на кои им го ветиле тоа

Опозицијата ќе ја блокира амнестијата: Власта по скратена постапка сака да ослободи криминалци на кои им го ветиле тоа

Власта по скратена постапка го праќа законот за амнестија во Собранието, што значи дека некаде сеум дена може да биде пленарна седница. Според лидерот на опозицијата,СДСМ и ДУИ сакаат да го исполнат ветувањето кон криминалците на кои им гарантирале слобода, со цел во иднина да му прават проблеми на ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт. Тоа е единствената цел поради која сакаат да го донесат новиот закон за амнестија. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски порача опозицијата ќе направи се што е во нивна моќ да го блокираат донесувањето на овој закон.

-Тоа се преземени обврски кон криминалците, кои што на отслужување на затворска казна. Дел од нив да добијат намалување, делумна амнестија, дел од нив да добијат целосна амнестија и потоа тие исти криминалци да се најдат на улиците и да прават проблеми на идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, мислејќи дека на тој начин ќе добијат нешто. Можам да ги разочарам, идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ има јасна намера да се пресмета со криминалот од било каков облик, изјави Мицкоски.

За Ковачевски немало ништо спорно во законот, бил подобар од оној кој беше донесен во времето нанеговиот претходник Зоран Заев. Немало да биде ослобден никој кој сторил тешки кривични дела. Не бил изненаден што опозицијата најавила блокада во Собранието.

-Нема решение во Парламентот кое што опозицијата не го блокира, откако сум јас дел од Владата или парламентарната дебата, било како заменик министер, било како премиер, стратегијата на опозицијата е блокада. Не е прв во државата кој што се носи како таков, зошто мислам дека во 2018-та се носеше таков закон, со тоа што овој е порестриктивен во однос на тоа што било тогаш донесено. А целите се растеретување на затворскиот систем, изјави Ковачевски.

Инаку на овој предлог закон нема да му биде залепено европското знаменце, ама ќе влезе во Собранието по скратена постапка. Тоа значи во собраниска постапка ќе влезе без прво читање, односно процедурата ќе започне директно со Комисиска расправа по што треба да се најде на пленарна седница за дебата, која може да трае се додека има пријавени пратеници за збор, по што следува гласањето. 

Законските измени целосно ќе ослободат 286 осуденици, а делумно амнестирани ќе бидат 996. Во моментов 2114 осуденици издржуваат затворска казна, а 2813 чекаат да влезат во затвор. За тие што чекаат ред за издржување на затворска казна дополнително ќе се утврдува колку од нив ќе бидат опфатени со амнестијата, велат од Министерството за правда.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста