Опозицијата категорично против уставните измени

Власта се уште е далеку од обезбедување двотретинско мнозинство за уставни измени. Опозицијата категорично ја отфрла секоја можност за поддршка Бугарите да влезат во Уставот, парламентарното мнозинство верува дека тоа ќе се случи. Од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ велат дека пратеничката група е хомогена, нема да застрани од ставот и нема да дозволи да се отвори Уставот.

Власта зборува за уставните измени и за тоа колку пратеници ќе соберат за да обезбедат двотретинско мнозинство, за да не зборуваме за кризите, за сето она со кое Македонија се соочуваизјави пратеникот Љупчо Пренџов.

Владејачката СДСМ, која стави параф на францускиот предлог и се задолжи да го промени Уставот наместо одговори, како ќе обезбеди двотретинско мнозинство, со остри критики кон ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, опозициската партија повторно била на погрешната страна во клучни моменти за државата.

ВМРО – ДПМНЕ уште еднаш покажа дека е на погрешната страна, секогаш кога се носат важните одлуки. Клучен приоритет е државата да оди напред, а тоа со членството на НАТО се покажа дека оди напред, видовме колку е важно да се гаарантира безбедноста. Сега нашиот клучен приоритет е членство во Европската Унија. ВМРО-ДПМНЕ и претходно беше против некои процеси, па потоа ретерираше – изјави пратеникот Миле Талески.

Демократски Сојуз бара уставните измени да бидат со реципрочна основа и Бугарија да ги почитува правата на македонското малцинство.

Нашиот став е доколку се пристапи кон промените, тие треба да бидат согласно принципот на реципроцитет, односно да бидат признаени и правата на македонските граѓани во Бугарија – изјави пратеникот Павле Трајанов.

За отворање на Уставот кое е услов за вистинско отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија се потребни најмалку 80 пратеници. Доколку сите пратеници кои го поддржаа францускиот предлог, гласаат ЗА, ќе фалат уште најмалку шест гласа кои би дошле од опозицијата.

Адријана Алексиеска

Поврзани вести