Опозицијата во Струга бара оставка од Мерко и кривично гонење на советниците што гласале за неговите незаконски проекти

Опозицијата во Советот на Општина Струга преку декларација се оградува од коруптивните и девијантни дејствија на Рамиз Мерко поради кои се најде на црната листа на САД. На ниеден начин не сме инволвирани во корупцијата,злоупотребата на јавни фондови,мешањето во судските и други јавни постапки- се вели во декларацијата која ја изготвија советниците од  Алијанса на албанците, а зад која стојат ВМРО ДПМНЕ и БЕСА.  

  • Воедно го повикуваме градоначалникот на општина Струга,Рамиз Мерко веднаш да поднесе оставка од функцијата градоначалник на Општина Струга,со единствена цел надлежните институции самостојно и без притисок да ја вршат својата истражна дејност”-вели НИЈАЗИ ЏУМКАР од Алијанса на албанците.

Советниците од ВМРО ДПМНЕ инсистираат на кривична одговорност, а не само на декларативна и тоа не само на градоначалникот, туку и на сите советници кои гласале за сите негови иницијативи,предлози и одлуки,иако знаеле дека истите се спротивни на законските прописи.Тие советници во никој случај не смеат да бидат амнестирани од одговорност.Изминаа 2 месеци откако Мерко се најде на црната листа на САД,а од иституциите нема никава конкретна реакција.

  • “Институциите на државата се узурпирани од страна на политичката партија ДУИ,тие се инфилтрирани во сите сталежи на управувањето на државата,вклучително од обвинителството,судството и сите надлежни органи.И самата позиција градоначалник на општина Струга дава одредена моќ и влијание врз останатите институции и лица кои треба да бидат вклучени во таквите истражни дејствија”-ВЕЛИ АЛЕН ДЕРЕБАН од ВМРО ДПМНЕ

Опозициските советници упатуваат повик до органите на прогонот,Обвинителството за организиран криминал,полицијата,правосудните органи и сите останати надлежни институции да започнат истрага по сите тврдења од Стејт Департментот.

  • Истовремено го повикувам господинот Спасовски да не се занимава со зумирање на фотографии од настани во Тетово,туку да дојде тука во Струга бидејќи го има и со глас и со фигура и да постапи по барањата на Стејт Департментот”-вели ФАТМИР ЕМУШ од БЕСА.

Декларацијата која не ја подржаа советниците од СДСМ и ДУИ,ќе биде проследена до сите релевантни институции во земјава како и до Амбасадите на САД и Обединетото Кралство,но и до сите допломатски претставништва на земјите од Европската Унија.

Росица Голабоска

Advertisements