Опозицијата во албанскиот политички блок се окрупнува


Во меѓувреме се конкртетизираат активностите за окрупнување на опозицискиот блок на албанските политички партии. Денеска според најавите на заедничка маса седнуваат тројцата лидери на опозициските партии од албанскиот блок. Терминот и местото не се прецизирани, но извесно е дека Африм Гаши од Алтернатива, Биљал Касами од Беса и Изет Меџити од „фракционерите“ кој формира ново движење, ќе се сретнат веќе денеска. Веќе неколку месеци на маса е ставена точката за окрупнување на албанскиот опозициски блок. Целта е обединување против ДУИ, оти сметаат дека тамошните функционери се грижат само за нив, но не и за граѓаните.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста