Опасност од пожари поради палењето на оризовата слама

Нова опасност од пожари го демне Кочанско. Земјоделците никако да се откажат од старите навики. И по оваа жетва најлесен начин за да се одлободат од оризовата слама е да го фрлат кибритот во нивите. Свесни се дека прават огромни штети врз животинскиот свет и воздухот, но велат друго чаре немат.

„Што друго направе ако не го запали, како ќе го обработува?„- „Не може да изорат. Тоа е толкава трава што нивите остануваат необработени„-велат земјоделците од Кочанско

Палењето е најаевтин начин за земјоделците се ослободат од остатоците од оризовата слама.  Запознати се и со новите методи, но палењето го правдаат со финансиската состојба во која се наоѓаат.

„Нема средства, оризот ни стои во амбарите. Не можеме да купиме нова механизација. Треба да се купат комбајни, кои ќе ја сомелат сламата и да се изоре, ем ѓубре, ем корисно за земјоделците„-објаснуваат земјоделците од Кочанско

На исти став се и агрономите, дека скапата механизација е недостапна за македонскиот земјоделец, посебно кога откупните цени паѓаат, а трошоците им се зголемуваат.

„Еден од недостатоците за имплементација на таква технологија е тоа што таа е скапа и не е достапна за земјоделците. Затоа и не ја прифаќаат, не оти не сакаат. Немаат друг избор, бидејќи ако не ја запалат, истата таа слама ќе им смета во основната и дополнителната обработка на почвата, кога ги подготвуваат површините за сеидба„-изјави  проф. Љупчо Михаилов, Земјоделски факултет-УГД

Палењето на стрништата и сламата , особено се случува во доцните попладневни и вечерни часови, што во најголем дел ја отежнуваат борбата на поќарникарите со пламените јазици. Се претпоставува дека минатата есен во кочанско беа опожарени над 500 хектари. 

Александра Ристевска

Advertisements