ОН: Да не се политизира хуманитарната помош за Венецуела

NS Slug: VENEZUELA: MADURO GOVT BLOCKS BRIDGE AS AID DUE TO ARRIVE Synopsis: Bridge connecting Venezuela to Colombia amid a humanitarian collection drive is blocked Video Shows: Las Tienditas Border Bridge block off with orange oil tanker and two blue shipping containers. Keywords: SN- SPANISH VENEZUELA BRIDGE COLOMBIA AID

Обединети нации синоќа предупредија да не се политизира хуманитарната помош за Венецуела откако САД испратија храна и лекови. Но, Каракас ја блокира помошта на границата со Колумбија.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео на Твитер напиша дека Николас Мадуро „ја блокира помошта со камиони и бродски контејнери“.

– Народот на Венецуела има очајничка потреба од хуманитарна помош. САД и другите земји се обидуваат да помогнат, но венецуелската војска по наредба на Мадуро ја блокира помошта со камиони и бродски контејнери, наведе Помпео.

Камионите со хуманитарна помош пристигнаа на колумбиско-венецуелската граница на барање на привремениот претседател на Венецуела, Хуан Гуидо.

Портпаролот на ОН, Стефан Дежарик наведе дека хуманитарната помош мора да биде „независна од политичките, воените и другите влијанија“.

– Кога ја гледаме моменталната пат позиција, станува јасно дека се потребни политички преговори помеѓу двете страни за да се изнајде решение за траен мир, наведе Дежарик.
Владата на Мадуро тврди дека во Венецуела нема хуманитарна криза, а за економските проблеми дека се виновни санкциите.

Гуаидо минатиот месец преку писмо побара од генералниот секретар на ОН, Антониот Гутереш хуманитарна помош. Но, таа не можеше да биде испратена без дозвола од Мадуро или со одлука на Советот за безбедност на ОН. САД би можеле да бараат дозвола од СБ за да достават хуманитарна помош, но најверојатно Русија би ставила вето на тоа.

Мадуро во понеделникот изјави дека Венецуелците „не се питачи“ и оти нема да дозволи неговата земја да биде посрамотена.