Онколошки пацинети: Oд кого се плашат пациентите што нe не поддржуваат?

ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата во рок од една недела, Истрага за инволвираноста на Венко Филипче и Нино Васев, целосна ревизија на работата на Клиниката за Онкологија,правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството на Онкологија, ова се новите барања на граѓаните кој се организраат преку социјалните мрежи за нов протест в понеделник. Меѓу нив има онколошки пацинети, нивни роднини и луѓе кои ги загубиле своите најблиски.Но и незадоволни граѓани од како што велат распаднатиот здравствен систем.

А дел од онколошките пацинети протестираат секојдневно и пред Јавното обвинителство. Тие велат дека остануваат со протести таму, и нема да престанат се додека случајот “Oнкологија” не добие разврска.Разочарани прашуваат – од кого се плашат пациентите што не ги поддржуваат?

И додека аферата „Онкологија“ чека се уште име и презиме. Надлежните ветуваат разрешница, но нема ниту “р” од тоа. Од Обвинитеството пак, се уште нема детали за текот на предистражната постапка. Оттаму само соопштија дека се вршат распити и веќе е почнато вештачење на запленетите копмјутери и документација а за тоа ќе се бара и помош од стручни лица.

Предистрагата беше отвроена откако во медиумите излегоа наводи за криминална мрежа од вработени во Клиниката за Онкологија кои манипулираат со терапијата на пациентите и не им ги даваат целосно пропишаните дози за потоа скапата цитостатска терпија да ја продаваат на црниот пазар.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста