Онишченко сакал и банка да купува во Македонија, Ковачевски ја повика собраниската комисија да заседава

Доаѓањето на Олександр Онишченко во Македонија, беше со цел нашата држава да добие квалитетна репрезентација во јавање и за олимпијадите и за европските и светски првенства, објаснува Влатко Стефановски-Рамче во интервјуто за Слободен печат.  Тој е сопственик на коњичкиот клуб Дона, на чија иницијатива олигархот Онишченко влезе во Македонија со намера да помогне  во развој на коњичкиот спорт и доби државјанство. Но не само во јавачкиот, Онишченко имал визија да помогне и на боречкиот спорт, фудбалот, па дури и да купи банка.  Во интервјуто за Слободен печат Стефановски објаснува дека не знаел дека Онишченко се наоѓа на црната листа на САД , а обвинувањето кон него дека секал да инсталира руска шпионска мрежа во Македонија , наспроти НАТО заложбите на државата, тврди дека се невистинити и наликуваaт на сценарио на филм со Џемс Бонд. Што се однесува до адресата на куќата во Пржино, Стефановски објаснува дека Онишченко престојувал таму по негова препорака, бидејќи хостелот каде што имал изнајмено соба, се реновирал.

Денес од Штип, премиерот Кoвачевски ја повика Комисијата за надзор на работата над Агенцијата за национална безбедност  конечно да заседава за случајот“Онишченко“, а Министерството за внатрешни работи што побрзо да ја заврши истрагата во однос на тоа како се случи затворена седница на парламентарна комисија да биде пренесувана во живо.

Аферата “Онишченко“ не е прв случај . Скандали со доделување пасоши на контроверзни личности имаше и претходно. Македонски пасоши претходно добија членови на меѓународни криминални групи и на нарко-=картели барани со меѓународна потерница.

Александра Ристевска

Advertisements

Поврзани вести