„Омилената„ компанија на ДУИ, „Арбериа дизајн“ повторно доби 100.000 евра за прославата на годишнината до рамковниот

Омилената фирма на ДУИ повторно ќе се офајди со народни пари . Министерството на Артан Груби повторно ја ангажираше „ Арберија Дизајн “ за да ја организира прославата за годишнината од Рамковниот договор за 100.000 евра, 20 илјади поскапо од лани.
Државата ќе и плати на фирмата речиси 6.000 евра за стихотворба, за спот за песна 4.000 евра, а за промотивно видео за придобивките од Охридскиот договор речиси 6.000 евра. Овие суми се предвидени во два договори за еден ист оглас. Едниот договор е на сума од речиси 30.000 евра, а другиот 70.000 евра .
Арбериа дизајн ќе печатат и промтоивен материјал за обука на млади лидери, а ќе организираат и мултиетнички фестивал во текот на август – септември . Критериум за избор била најниската цена, ама како и за останатите државни тендери и овој пат фирмата е без конкуренција и единствена се пријавила на повикот. Во последните три месеци, „ Арбериа дизајн“ добива уште четири други јавни набавки , меѓу кои во Министерството за надворешни работи, Државна лотарија и Комисијата за хартии од вредност . И во случајот со Државна лотарија , „ Арбериа Дизајн “ била единствена што доставила понуда . Договорот е потпишан кон крајот на јуни на вредност од околу 290 илјади евра . И на Бујар Осмни Арберија дизајн му е омилена фирма, министерството за надворешни работи склучило договор за изнајмување на техничка опрема за поддршка на настани за период од една година во вредност од 135 илјади евра . На овој повик се јавиле уште две фирми, а критериумот бил најниската понудена цена.
Арберија Дизајн набавуваа и сведителства за учениците кои доцнеа минатата година , а се едни од најчестите добавувачи на Министерството за образование во печатење книги и друг училишен материјал . Фирмата – мајстор за се, беше забележана и на свеченото отворање на табла на коридорите 8 и 10 д . Бината во форма на автопат , и помпезната свеченост на која Груби беше како домаќин ја постави Aрбериа.
Колку ова чинеше сеуште не дознавме , ама Владата тврдеа дека платиле „ Бехтел и Енка’. Од Министерството на Груби, компанијата од Тетово само во 2022 година доби над 9 милиони денари за три договори . 156 илјади евра државни пари минатата година биле исплатени за Денот на албанската азбука и за одбележување на годишнината од рамковниот договор , стои на сајтот на јавни набавки.
Кристина Алексиеска