НАЈНОВИ ВЕСТИ

ОМД: Бугарија да ги внесе Mакедонците во својот Устав

Независноста, демократијата и функционалниот мултиетнички систем се трите најголеми македонски достигнувања, а дијаспората има значаен удел во секое од нив. Истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на симпозиум што го организира Обединетата македонска дијаспора во Скопје, каде истакна дека Македонија досега се соочила со големи предизвици, внатрешни конфликти и серија надворешни негирања, поради кои сме направиле големи отстапки.

  • „Македонската држава и граѓани да продолжат да опстојуваат и бидат платформа за понатамошен развој и просперитет на сегашните и идните генерации, неопходни се три услови. Првиот услов е геополитичката безбедност што ни ја гарантира членството во НАТО алијансата. Војната во Украина, покажа колку е важно што сме на вистинската страна на историјата. Но, за да го заокружиме интегрирањето во тој геополитички и геоекономски простор неопходно ни е и членство во ЕУ“ – Изјави Пендаровски.

Претседателот Пендарвоски и порача на Македонците низ светот да продолжат да лобираат за членството на Македонија во Еворпската унија, како што тоа го правеле за признавање на независноста и воспоставување дипломатски односи со разни земји.

Претседателот на Обединетатата македонска дијаспора пак, Мето Колоски, вели дека се надева оти соседите на Македонија ќе го следат нашиот чекор, и ќе ги признаат етничките малцинства.

  • „Се надеваме дека нашите соседи ќе бидат многу повеќе како нас, во смисла да ги даваат правата што ги заслужуваат сите малцинства како што Македонија е пример во светот за правата на малцинствата. Тоа е клучна порака која мора да ја кажуваме постојано“ – Изјави претседателот на ОМД, Методија Колоски.

Од ОМД велат дека не се против промена на макеоднскиот Устав, но под еден услов, истото да се случи и во Бугарија.

  • „Нас не ни смета да се промени Уставот на Република Македонија, но, под еден многу важен услов, истото тоа да се случи со реципроцитет и да се промени Уставот на Република Бугарија, со што, македонското малцинство би се внело како малцинство во Република Бугарија.“ – Истакна ко-основачот на ОМД, Александар Ристевски.

Тие денес се обратија на симпозиумот во организација на ОМД, каде се се разговараше кои се можностите на Македонците од дијаспората да студираат, инвестираат или пак да се пензионираат во татковината.

Никола Цветкоски