ОМД бара Ескобар да се залага за правата на Македонците во Бугарија

Обединетата Македонска Дијаспора, водечката организација на Македонците надвор од земјава, преку писмо до Американскиот заменик-помошник државен секретар бара тој да се залага за правата на Македонците во Бугарија и да ја посети Софија веднаш по посетата во Скопје.
„Повторните еднострани притисоци и уцени кон Македонија не создаваат клима за добрососедски односи во регионот. За потсетување, Бугарија има 14 пресуди од Европскиот Суд за човекови права за дискриминација на македонското малцинство во Бугарија. Следствено, ОМД бара реципроцитет: доколку САД и ЕУ бараат уставни промени од Македонија тогаш е сосема логично и Бугарија да го признае македонското малцинство“ се наведува, меѓу другото, во соопштението на ОМД.