Оман и Кувајт можни домаќини на дуели од СП 2022

ФИФА ги утврди потенцијалните земји кои можат да бидат домаќини на натпревари од Мундијалот 2022-та година заедно со Катар, ако турнирот биде проширен до 48 тима.

А, поради тоа што Оман и Кувајт имаат неутрални односи со Катар, па затоа се најпосакувани.

Имено, светската фудбалска федерација (ФИФА) ја разгледува опцијата Оман и Кувајт да бидат кодомаќини на некои натпревари на Светското првенство (СП) во 2022 година во Катар, доколку биде решено на финалниот турнир, наместо 32, да настапот 48 репрезентации, објави „Њујорк тајмс“.

За дополнителните 16 тима ќе бидат потребни меѓу дополнителни помеѓу 2 и 4 стадиони, освен осумте кои се во Катар.

Светската фудбалска централа разгледува по 3 стадиони во Саудиска Арабија и ОАЕ, два во Кувајт и по еден во Оман и Бахреин. Компликациите доаѓаат од затегнатите односи на земјите од Персискиот залив со Катар.

ФИФА побара од Саудиска Арабија, ОАЕ и Бахреин да ги симнат санкциите кон Катар и да ги обноват дипломатските односи, ако сакаат да земат натпревари од турнирот.