});

Оливија Њутн-Џон по третпат се бори со ракот

Ѕвездата од мјузиклот „Брилијантин“ Оливија Њутн-Џон ќе мора по третпат да се лекува од рак на градите.

Австралиската глумица која е веќе на прагот од осмата деценија од животот изјави во интервју за австралискиот „Канал 7“ дека одбива болеста да ја нарекува „битка со ракот“.

– Наместо „извојување битка“, претпочитам да го викам тоа „повторна победа“. Битката потсетува на бесот кои многу и не ни се допаѓаат. Јас повторно ќе извојувам победа, изјави таа.

На четирикратната добитничка на Греми, првпат ракот и беше дијагностициран во 1992 година, а по ремисијата, таа повторно беше дијагностицирана во 2013 година.