О’Конел: Велика Британија ја поддржува косовската војска

Амбасадорот на Велика Британија во Косово, Руаири О’Конел изјави дека неговата земја смета оти Косово има право да формира свои оружени сили, јави дописникот на МИА од Приштина.

Британскиот амбасадор за порталот „Лајми“ изјави дека Косово треба да продолжи да ги консултира сојузниците од НАТО и да го почитува ангажманот на КФОР.

– Обединетото Кралство верува дека Косово има право да формира свои оружени сили. Ние продолжуваме да го охрабруваме Косово да се однесува одговорно и транспарентно, да се консултира со сојузниците од НАТО и да го почитува ангажманот на КФОР, изјави О’Конел.

Косовското Собрание задутре, 14 декември, ќе одржи седница на чиј дневен ред е гласање на пакетот закони со кои сегашните Безбедносни сили (ФСК) ќе се трансформираат во војска на Косово.