Околу 150 лица се водат како исчезнати во бродска несреќа во ДР Конго

Претседателот на Демократска Република Конго, Феликс Чисекеди денеска изјави дека околу 150 луѓе се водат како исчезнати по бродоломот во езерото Киву.

Бродот со 200 патници што пловел кон комерцијалниот центар Гоми синоќа потона во езерото Киву.

Четириесет патници се спасени, а досега пронајдени се три тела.

Претседателот Чисекеди на Твитер напиша дека во тек е истрага за причините за бродската несреќа.

Невладините организации повеќепати досега бараа од властите да се зголеми контролата над бродскиот превоз бидејќи пренатрупаните чамци и бродови, се честа причина за несреќите.