Од 50 медиуми пред неколку децении, денеска во Штип има само шест

Штип е колевка на македнското новинарство. По Скопје, градот под Исарот е со најмногу новинари и медиуми, покажуваат последните истражувања на универзитетскиот професор Андон Мајхошев, објавени во неговата нова книга „Медиумите во Штип:(И)сторија на подеми и падови. Од вкупно педесетина медиуми колку што имало регистрирано од 1945 па досега, денес опстојуваат само шест. Како една од причините за затварањето  на медиумите, е финансиската нестабилност

  „Истражувањето потврдува дека медиумите во Штип и пошироко се затварани од финансиски  причини. Не можат да се снајдат на медиумскиот пазар. Има многу медиуми. Мислам дека во Штип медиумскиот пазар е претесен ако се земе во предвид бројот на медиуми„ изјави универзитетскиот професор, Андон Мајхошев.

Што се однесува до слобадата на медиумите, Мајхошев посочува дека за неа новинарите треба постојано да се борат, бидејќи истата не се добива на дланка. Токму тоа, како да се задржи независноста е меѓу првите лекции што ја учат студентите на Катедрата за медиумски студии, при штипскиот Универзитет.

  „Постои катедра на Факултетот за правни науки за медиумски студии и ние преку студиските програми обезбедуваме кадар за медиумите и денеска работат неколку десетина наши дипломирани студенти„ рече Андон Мајхошев.

Богатата историја на штипското новинарско перо ја пишуваат педесетина новинари, а денес активни се триесет и петмина. Медиумското информирање своја експанзија доживува во деведесетите години, а Штип е познат и по издавањето на фабричките весници кои подоцна стануваат расадник за нови кадри и формирање на дописната мрежа. 

Александра Ристевска

Advertisements