});

Од 1 јануари поголем данок и за играчите на спортска

Даночните реформи ќе го зафатат и можеби најзастапеното хоби во Македонија, а за некои и единствен извор на приходи – обложувањето. Од нова година државата ќе зема 50% повеќе од секоја добивка.

И играчите на спортска од наредната година ќе плаќаат поголем данок. Од 1 јануари со измените на законот се менуваат и правилата во спортските обложувалници – државата наместо 10 ќе зема 15 проценти од секоја добивка. Ова значи дека на фатени 1000 денари ќе бидат исплаќани наместо како досега 900, само 850 денари.

Оние кои редовно се обложуваат се жалат дека ќе мора да дадат повеќе пари на државата во случај да добијат одредена сума пари.

Лани државата само од данокот на добивките во обложувалниците инкасирала 38 милиони евра. Со новата, повисока стапка би биле собрани дополнителни 19 милиони.

Лани во обложувалниците низ Македонија се уплатени близу 200 милиони евра, а исплатени 156 милиони евра како добивка.

Борис Грујоски