НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од утре во собраниска процедура: Уставните измени осудени на пропаст уште пред да почне дебатата

Уште пред стартот на собраниската дебата за уставните измени, тие се осудени на пропаст. Опозицијата ни под разно нема да ги поддржи, порача првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ден пред стартот на комисиската расправа, за предлог амандманите за внесување на Бугарите во Уставот.

-Еве утре ќе бидеме таму присутни и еве кога ќе биде точката ставена на дневен ред, членовите предводени од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе гласаат против, така ќе биде и на самата седница кога овие уставни измени предвидени според т.н. уставна комисија предводена од Цаца Николовска се доставени во Парламент. Не знам која беше причината и кој беше мотивот содржината да се стави, ако беше мотивот дополнително да се влоши позицијата на Македонија, успеаја, изјави Мицкоски.

Цврсти на својот став по ова прашање остануваат и власта и опозицијата, првите сакаат по секоја цена да го променат уставот, додека вторите не прифаќаат уставни измени под сегашните околности и бугарски диктат.

-Не гледам ни причина под ваков диктат дека ќе биде променет мојот став, но истовремено тој став е поддржан од органите на партијата, од коалицијата од пратеничката група и очекуваме навистина европско однесување кај нашите стратешки партнери. И со една идна Влада да седнеме да работиме на тоа дел од тие околности кои што се таму проблематични и кои што нас не загрижуваат да бидам променети, изјави Мицкоски.

Собранискиот спикер Талат Џафери пленарната седница за потребата за пристапување кон уставните измени ја закажа за 18 август, пред тоа на 25 јули ќе започне расправата во Комисијата за уставни прашања, која може да трае најмногу 10 работни денови. Со оглед на тоа што втори август е неработен, а за 27-ми јули се закажани пратеничката прашања, комисиската расправа се очекува да заврши меѓу седми и деветти август.

Матеја Петровски