Од расправија до убиство- Убиен е 17годишникот Н.Х од Ново Лисиче

Од расправија до физичка пресметка која заврши со убиство, синоќа по полноќ на улицата феруарски поход во скоспката населба Ново Лисиче настанала расправија по што со ладно оружје избоден е до смрт малолетникот Н.Х. Од МВР информират дека 18 годишникот убиец А.Т. е приведен.

На 14.08.2019 во 00:35 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата “Февруарски поход” започнала расправија од страна на неколку лица со А.Т. 18 кој бил во друшто во К.Д. 17, која продолжила со физичка пресметка Во еден момент А.Т извадил нож и му нанел повреди на Н.Х. А.Т е пронајден и приведен во полициска станица. Се работи за расчистување на случајот.- Соопштија од МВР.

За убиството сведочи и снимка на која се гледа и слуша како голема група на тинејџери се расправаат а оддеднаш едно од децата паѓа на земја, за кое се претпоставува дека е убиениот Н.Х. Од МВР не даваат повеќе информации, засега соопштија дека работат на расчистување на случајот.
Расправијата траела околу половина час велат очевидци кои не сакаа да говорат јавно. Соседите се во неверување по трагичното убиство кое однесе млад живот, велат дека безбедноста во оваа населба е на многу ниско ниво.Позади камерата разговаравме и со татко на едно од децата кое било сведок на убиството, тој за убиениот Н.Х вели дека бил мирно , воспитано дете кое спортува кошарка, досега никогаш не направил никаков проблем. Убиството се одвивало близу малските клупи, Алфа на местото на несреќата затекна само траги од крв..

Јована Грчева