Од најголем македонски патриот до самопрогласен бугарофил- како власта го промени Љубчо Георгиевски?!

Од борец за македонска незавиност, кој територија на Бугарија ја прогласуваше за македонска до самопрогласен буарофил. Реториката на еден поранешн македонски премиер се менува со седнувањето во премиерското столче.  Како Љубчо Георгиевски од патриот барем според своите зборови, прв започна со своите ставови да ги руши позициите на Македонија во преговорите со источниот сосед? Љубчо Георгиевски беше човек кој во борбата за власт говореше во стил на најголем македонски патриот.

-Денеска слушаме дека нашите пирински браќа во Македонија, како формираат свои здруженија и од таму повикуваат дека се Македонци им даваат дознаењена Бугарите дека се Македонци и зборуваат за Македонија, велеше Георгиевски.

Сепак реториката на поранешниот македонски премиер се менува со доаѓањето на власт. Од најголем македонски патриот, во годините кои следуваат по 1998-та, како што самиот кажува станува бугарофил.

-Зошто сметам дека сум бугарофил? Прво заради неколку причини. Затоа што сметам дека македонскиот и бугарскиот народ, ако ја тргнат оваа официјална историја на страна, кога ќе ги погледнете фактите, ќе видите дека македонскиот и бугарскиот народ во историјата биле најблиску и имале најголема соработка. Јас постојано повикувам историчари, доктори на науки, да изберат кој сакаат дуел за да зборуваме за таа македонско- бугарска историја, подоцна велеше Георгиевски.

Различна реторика Георгиевски имаше и кога е во прашање најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев. Тој во низа низа со други револуционери беше македонски.

-Идеите на Гоце Делчев, Дамјан Груев, Никола Карев, Сандански и плејада на други македонски револуционери, изјави Георгиевски.

За потоа Делчев да стане човек кој пишувал и комуницирал на бугарски литературен јазик, без разлика на тоа какви идеи имал.

-Сите документи се напишани на официјален бугарски јазик литературен од тоа време. Сите тие значи писмата сега на Гоце Делчев, независно од содржината сега дали се изјаснувал вака или така, Гоце Делчев има и општи писма, ти оди ваму, ти оди таму. Гоце Делчев има лично 30 и неколку писма и тоа лично Македонската Академија го има објавено. Сите писма на Гоце Делчев се на официјален литературен јазик, велеше Георгиевски.

Патриотскиот дух го покажуваше и во Собранието од позиција на пратеник. Гласно бараше да се свири македонската химна, на што тогаш се спротивствуваше неговиот најголем политички ривал Бранко Црвенковски.

-Кој е за да се свири македонската химна и кој е против да се свири македонската химна. Дали некој се плаши ако крене рака дека е за македонската химна и ако против македонската химна дека нешто греши?, велеше Георгиевски

Од патриот стана човек кој предложуваше нарушување на теритојалната целовитост на Македонија каква сега ја знаеме. Како решение на проблемите со Албанците и внатрешниот конфликт на стартот на 21-от век, тој сметаше дека размена на територии би била правилна одлука. Како што соопшти тогашниот министер за одбрана Љубен Пауновски во 2001-ва, Георгиевски директно му соопштил дека мора да се раделиме со Албанците, да им дадеме територии кај дебарско и гостварско тетовскиот регион, територии кои со прст ги означиол на картата, а остатокот да го носиме кај нашите во Бугарија.

-(Сметате ли после се дека така да кажеме, хуманата преселба и размената на територии за македонско- српско- албанските проблеми е единствено решение?) На некој начин јас мислам дека тоа не е лоша идеја, но дека сега Албацните нема тоа да го прифатат. Овде на територијата на Македонија тие веќе добија поголеми простори отколку тогаш што имаа. Веќе ги имаат и Струга и Кичево, половина Куманово, добра половина од Скопје, велеше Георгиевски.

Љубчо Георгиевски е политичар со богата политичка биографија, како во однос на функциите, така и во однос на промена на своите ставови. Тој е првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на таа позиција беше 13 години од 1990-та до 2003-та година. Трој беше и првиот потпретседател на Република Македонија по прогласувањето на нејзината независнот во 91-ва. Од 1998-ма до 2002-ра беше и на позицијата премиер.

Падот од власт значеше и крај на неговото шефуваше во ВМРО-ДПМНЕ. Неколку месеци по неговата смена од лидерското место, тој ја напушта партијата и формира нова- ВМРО Народна, по што полека заминува во еден вид политичка пензија, но сепак не пропушта шанса од време на време да се појави со некоја скандалозна изјава која удира по позициите на Македонија токму во однос на спорот со Бугарија.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста