Од македонско сонце, со француски пари ќе се произвдува струја – наскоро во Штип ќе се гради најголемата фотоволтаична централа на балканот
На местототo каде што требаше да се грaди карго аеродромот во Штип, сега ќе никне најголемиот агроволтаичен парк на Балканот. Централата „Стипеон„ кој ќе биде со моќност до 400мегавати ќе се гради во атарите на селата Три Чешми, Врасаково, Криви Дол и Мустафино и ќе се простира на околу 500хектари земјоделско земиште. Освен штипска, централата ќе зафаќа дел и од светиниколската општина. Со ова Штип ќе стане пионер во искористењето на обновливите извори на енергија.
„ Инвестицијата е значајна од неколку аспекти, енергетски, економски и заштита на животната средина. Она што нам најмногу не интересира е тоа што ќе допринесе за развој на локалната економија за подобрувње на енергетската состојба во државта од ааспект на тоа дека овде ќе работат работници и локални фирми кои ќе учествуваат во изградбата на овој проект , за кој се надевам дека во најбрз можен рок ќе започне да се имплементира„изјави Иван Јорданов, градоначалник на тип.
Според најавите, со изградба треба да започне за неколку месеци. Француската инвестиција тешка околу 270милиони евра е единствен од ваков тип во регионот. Освен тоa ќе се произведува струја, земјоделците под панелите ќе може да одгледуваат и земјоделски култури, како бостан, тикви и крставици
„ Под фотоволтаиците што ќе бидат инсталирани, ќе се стават на поголема височина и може да се одгледуват одредени земјоделски култури. Тоа е многу добро бидејќи во тој случај не го користите земјитето само како граадежно,туку можете и понатаму да го обратувате. Секако дека не може со секоја култура, но им одредени кои може да се засадат„ изјави Каја Шукова, министерка за животна средина.
Енормниот скок на цената на струја, минатата зима пред свршен чин ги стави македонските компаниите кои за да го издржат енергетското цунами единствен спас им беше поставување на панели.
„Околу снабдувањето не очекувам проблеми, но со цените се е можно . Се случуват работи во Европа , затврање на нуклеарните централи, проблемите со Русијa се уште се актуелни. Гасот е многу поскап. Сега почнаа да се прават ремонти, барем наите капацитети мксимално да ги искористеме. Меѓутоа тие не се доволни за целата индустрија, туку само за граѓаните и малите микро компании„ изјави Ангел Димитров од Организција на работодавачи.
Изминатиот период Македонија ја зафати фотоволтаична треска, а мека за искористување на обновливите извори на енергија се Штип и Свети Николе. Во Свети Николе 30компании имат изградено централи, а во Штип во моментот има дури 40нови постапки за добивање на дозвола за изградб на фотоволтаични централи.
Александра Ристеска