Од локална во меѓународна политика: Првата асистентка на Шилегов, за 1.000 евра месечно си се преселила кај Бујар Османи во МНР

Марија Антова, една од најблиските соработнички на Петре Шилегов, од градска адмистрација се преселила во МНР. Како што неофицијално дознаваме таа важела за прва асистентка на претходниот градоначалник, па од локална, со заминувањето на Шилегов, заминала да работи меѓународна политика, се вели во објави на социјалните мрежи. Таму пишува дека работи во делот на односите со Грција заработува речиси 1.000 евра месечно.

Дека заминала во МНР за Алфа потврдија од главниот град, таа направила трансфер кај Османи со спогодба за преземање, на 19-ти април годинава. Од кабинетот на Османи се уште чекаме одговор на прашањата на која позиција е вработена Антова и за колкав месечен надоместок. Социјалните мрежи вријат по објавените информации за ваквите политички трансфери во власта.

-Знаевте дека и шефот на Кабинет на Шилегов, госпоџица Антова ја вдомија во МНР да биде дипломат? Епа дечки, Марија ќе зема плата од 60.000 денари и е задолжена за односи со соседот Грција! Случајност или?, пишува во објава на Твитер.

Инаку, Антова со својот ангажман во МНР и на социјалните мрежи секојдневно ги брани ставовите на власта во однос на спорот со Бугарија. Па и праќа директни обвинувања до оние кои беа против францускиот предлог, против кој се кренаа голем процент од граѓаните во Македонија.

-Изгледа најмногу од “бугаризација” ме бранат тие со бугарски пасоши по основ на бугарско потекло (легален основ за бугаризација) и тие кои не живеат тука ама најмногу ја сакаат родната грутка. Многу чувствителни луѓе, пишуваше Антова на Фејсбук.

Инаку, Марија Антова во текот на кампањата за локалните избори, редовно објавуваше постови на тогашниот градоначалник Петре Шилегов, но како и во кампањата редовно и по изборите учествува со напади кон сегашната шефица на градот, Данела Арсовска.

Антова не е прв кадровски потег на МНР кој предизвикува жестоки реакции во јавноста, пред само неколку месеци истото беше случај и со Бесмира Ејупи, која од телевизиски спикер, беше предлог за конзул во Њу Џерси, предлог кој беше повлечен од МНР по само 48 часа, поради жестоките реакции.

Матеја Петровски

Поврзани вести