Од каде се учениците кои се повредени во Турција?

Учениците и менторот кои ги затекна земјотресот во Турција се од Западна Македонија, неофицијално за Алфа вели Марко Георгиевски директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Учениците се од Техничкото училиште во Гостивар кои преку Еразмус плус програмата и Турската национална агенција се отидена на младинска размена во Турција. Никој од невладиниот сектор во Скопје и во Гостивар не знаеше за која невладина организација станува збор.

Од она што денес можев да го дознаам станува збор за ученици од училишта од Западна Македонија, односно од општините Гостивар и Маврово и Ростуше. Навистина не можев да дознаам која е невладината организација од Гостивар која го работи проектот. И јас преку целиот ден како вас се обидувам да дознаам што повеќе информации, како се  децата во Турција, но и како нивните семејства тука ги преживуваат овие тешки моменти, вели Марко Георгиевски директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.

Двајца од учениците се повредени од кои само едниот полесно, а другиот има скршеници, но никој не е во животно загрозувачка состојба. Дипломат од македонската амбасада во Анкара замина за турскиот регион погоден од земјотресот каде организира евакуација на учениците. МНР отвори броеви за македонските граѓани во Турција и е во постојана врска со надлежните институции.

Нашите ДКП-а во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732, информираат

Засега нема информација за други македонски државјани кои се наоѓаат во критичниот регион. 

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста