Од „зацементиран датум“ до „датум за датум“ – Македонија ќе се изначека

Датумот за почеток на преговорите за влез во ЕУ, за кого владините актери ја убедуваа јавноста уште минатата година сме го добиле, сепак по се изгледа дека бил само датум за евентуален датум, но и тој се уште го нема.
По ретерирањето на Владата дека можеби нема да го добиеме стартот на преговорите на почетокот на јуни, туку тек на есен, и претседателот на државата Стево Пендаровски вели дека ако не се случи одлуката во јуни, ќе се случи во јули оти има мало поместување на термините, заради состанокот на Бундестагот.
Иако целата кампања на Пендаровски беше речиси базирана на цврстите ставови дека Македонија започнала да чекори по патот на Унијата, сепак по изјавата на шефот на државата со првиот човек на делегацијата на Европската унија, амбасадорот Самуел Жбогар, Пендаровски истакна доза на колебловост каде истакна дека државата не треба да биде само колекционер на добри извештаи.
Непосредно пред почетокот на референдумската кампања со фотографија во авион, со кренати палци, насмеани лица владините функционери убедуваа дека државата веќе добила датум за преговори.

Мери Ѓорѓиевска