ОДРЕДЕНИ ДВОЈКИТЕ ЗА СТАРТОТ НА УС ОПЕН

Познати се двојките на стартот од годинешното издание на УС Опен. Првиот носител  Новак Ѓоковиќ годинава на грен слемот во Њујорк започнува против тенисерот од Босна и Херцеговина Дамир Џумхур. Ждрепката одреди во половината каде  е и светскиот рекет број еден да бидат уште и дел од фаворитите за високи дострели, како Стефанос Циципас, Давид Гофан, Џон Иснер и Александар Зверев, токму германскиот тенисер се соочува со вистински предизвик во првото коло каде за противник го доби Кевин Андерсон.

Втората половина од турнирот ја предводат финалистот од Австралија Опен Доминик Тим и Русинот Данил Медведев или ланскиот финалист на УС Опен, кој загуби во борбата за пехарот од Рафаел Надал.

Кај тенисерките  Серена Вилијамс стартува против сонародничката Ан, можни противнички во продолжението и се шампионката од Австралија Опен Софија Кенин, Медисон Кејс, Гарбиње Мугуруза и Џоана Конта.

Спротивната страна по ждрепката ги спои првата носителка Каролина Плишкова, а покрај неа и Анжелик Кербер, Наоми Осака и Петра Квитова.