Одложено судењето против Османи за навреда и клевета
Министерот Османи не се појави во судница да даде исказ за случајот против него за навреда и клевета. Тужбата ја поднесе Бил Николов како претседател на организацијата „Македонско меѓународно движење за човекови права “ од Канада и самата организација. Османи во изјава во ноември минатата година искажал понижувачко мислење повредувајќи ја честа и огледот на тужителите нарекувајќи ги сомнителни луѓе со антидржавни ставови. Министерот е во Братислава на безбедносниот форумот ГлобСек, па за одбраната тие се оправдани причини зошто е спречен да дојде.
- „Сметаме дека од објективни причини тужениот не беше присутен. Се надеваме дека за наредното закажано рочиште истиот ќе биде присутен впрочен тоа е и наша заложба бидејќи на наш предлог е неговото сослушување а сето тоа е во интерес за судот“, вели Љупчо Илиев, адвокат.
Тужителите побараа од судот, ако Османи не може да присуствува , со време да ги извести. Извинувањето кое писмено го побараа се уште не го добиле од министерот.
- „ Доколку не може да дојде да каже со време. Или да кажат термин кога е министерот е тука. Досега нема никакво извинување, вели Трајче Торов, адвокат.
Бујар Османи наместо да ги помага, потикнал и натамошни повреди на нeпризнатото македонско малцинство во Бугарија, сметаат основачите на македонскиот клуб во Благоевград. Тужителите велат дека е недозволиво Османи да се впушта во давање коментари од омаловажувачки карактер и да навредува.
Изјавата не омаловажувала ниту имало намера за тоа тврди адвокатот на Османи.
Инаку, во ноември лани, Османи тврдеше дека сомнителните финансиери од Канада на 5 илјади километри оддалеченост не можеле да знаат подобро за ситуацијата тука. Според зборовите на министерот оние кои го финансирале клубот, македонско здружение од Канада имале ставови спротивни на стратешките цели на државата.
Сослушувањето на Османи наредно е закажано за во септември.
Викторија Миткова