НАЈНОВИ ВЕСТИ

Одложено рочиштето за Христијан Пендиков, заради боледување на обвинетиот Спасески

Поради влошена здравстена состојба на обвинетиот Илија Спасески, се одложи денешната главна расправа од судскот процес за случајот Пендиков. Во лекарскиот извештај издаден од субспецијалист кардиолог,стои  дека обвинетиот требал да мирува 15 дена затоа што имал тромбофлебитис,односно воспаление на вените од нозете.Со оглед на ваквата дијагноза,доведувајќи ја како што рече-во прашање компетенцијата на нашите медицински установи,адвокатот на обвинетиот Димитрија Цовоски побара од судот да му се врати патната исправа за да можел да се лекува во странство, за што дополнително ќе одлучува кривичниот совет.

Инаку во судот се појави сам Христијан Пендиков кој малку на македонски, малку на бугарски уште еднаш кажа дека добивал закани,ама од полицијата не побарал заштита иако има таква законска можност.

 Добивам на месинџер,на инстаграм, социјални мрежи закани, на коментари си читаме каде што сакаат да не убијат, така да не се чувствувам ок.Пријавени е во полицијаи и пред месеци и сега пред брзо е пријавено –вели Пендиков

Пред неколку дена Пендиков бил повикан во полиција на распознавање на вториот напаѓач, но тој не се појавил. Што се однесува на единствениот обвинет Илија Спасески адвокатот на Пендиков не дозволи да одговори дали меѓуседно се познавале од претходно.

Не, не, јас не можам да ви дозволам затоа што таквите факти се факти кои треба да се утврдат во една законски уредена судска постапка. Дали се знаеле, или не се знаеле на таа околност Пендиков има дадено одговор во обвинителството и ќе даде одговор пред судот во постапката кога ќе биде сослушуван во својство на оштетен”- вели Стефан Камишевски,адвокат на Пендиков.

Иако на следното рочиште  закажано за 21-ви септември,Пендиков треба да биде сослушан во својство на оштетен, неизвесно е дали ќе се појави оти од 15-ти септември му почнувале студиите и сакал да ги следи предавањата.

Росица Голабоска