Одложена седницата за уставните измени- дали власта има поддршка 80 пратеници?

Одложена за утре седницата каде треба да се гласаат уставните измени во Собранието на Република Македонија

После говорот на премиерот Зоран Заев, каде тој побара од пратениците да дадат поддршка за уставните измени, велејќи дека со тоа ќе помогнат за прогресот на Македонија кон НАТО и ЕУ, а во обратен случај би довеле до изолација.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја одложи седницата велејќи дека им дава на пратениците време да го прочитаат резимето на премиерот на државата.

Инаку, во овој период низ јавноста се појавија информации дека Заев можеби нема поддршка од 80 пратеници за изгласување на уставните измени.