Одземени 15 тони овошје и зеленчук од Кванташки, кривични пријави за трговци и маркети

Одземени над 15 тони овошје и зеленчук од Кванташкиот пазар, како и кривични пријави за дел од трговците кои не ги почитувале владините одлуки за замрзнувањето на цените. Како што најави министерот за економија, Крешник Бектеши, никој нема да биде поштеден и секој што го изиграл Законот ќе добие прекршочна пријава. Министерот ги објави имињата на некои од поголемите маркети кои ја прекршувале владината одлука.

  • „Има прекршочни пријави и за управителите на Кванташки пазар – Анмарк ДООЕЛ. Има казни за увозници на овошје и зеленчук за компаниите Савари, Астра фреш, Атлантик, Фрута – Фрукта, Стрима, Нектар фреш, Ема стил и други, а секако има и казни за трговците на мало како што се Веро, КАМ, Стокомак, Кипер, Зендолино, Тинекс и Иса МКБ. Важно е дека кривични пријави ќе има согласно контролите, колку ќе бидат конкретно и за кои, ќе бидете информани до крајот на неделава, а дека ќе има сигурно ќе има“, соопшти Крешник Бектеши, министер за економија.

Казнети се и увозници на овошје и зеленук, како и компании кои се занимаваат со малопродажба. Појасни дека на овие трговци веќе им се изречени глоби, а дополнително за дел од нив, неделава, ќе бидат поднесени и кривични пријави.

Минстерот Бектеши пак им порача на увозниците, реговците и производителите да ја почитуваат Одлуката на Владата за 70 отсто од пласман споредено со изминатите месеци и најави дека доколку продолжи праксата на неисполнување ќе има нови заплени.

Од Пазарната инспекција велат дека на Кванташки биле констатирани еден куп прекршоци. Затекнати биле трговци без документи, и затоа биле одземени стоки па предадени до Агенцијата за управување со одземен имот.

  • Нема да дозволам да се повтори она што се случи за Велгиденските празници и за Рамазан Бајрам а последиците и високите цени ги трпеа граѓаните. Трговците и увозниците немаа разбирање да им излезат во пресрет на граѓаните и да ги почитуваат одлуките на Владата. Затоа побарав од министерот Бектеши доколку има простор да се пдодолжи важноста на Одлуките“, рече Трајковски.

А во вчерашната контрола на Кванташкиот пазар инспекторите затекнале тотален хаос и безвластие.

  • Констатирани се многу прекршоци а ги казнивме управителите на пазарот и поголем дел од увозниците на овошје и зеленчук кои се таму лоцирани. Затекнати беа физички лица без лиценца кои вршат трговија на мало а Кванташки е регистриран за трговија на големо.
    Ова е само почеток. Во наредниот перидо продолжуваме со контроли и нема да дозволиме кршење на законите
    “, изјави Горан Трајковски, директор на ДПИ.

Тој најави дека во кривичните постапки инспекторите ќе присуствуваат на судските рочишта.

  • Апелирам до сите економски субјекти да си ги подигнат платните налози и да ги платат или да одат на судска постапка. Од денеска па натака, сите инспектори кои констатирале прекршок кај економските субјекти ќе се појавуваат на судските рочишта. Практиката од непојавување на инспекторите на судските рочишта нема да ја има во иднина. Системот ќе профункционира. Зошто ова не се применувало досега, не сакам да коментирам“, рече Трајковски и им портача на граѓаните да не се двоумат и да ги пријавуваат нерегуларностите кои ги затекнале.

Надлежните велат дека од сега сите инспектори кои констатирале прекршок ќе се појавуваат на судските рочишта, и тоа мора да биде пракса. Системот мора да профункционира, рече директорот. Инаку, одлуката за цените ќе продолжи да важи и во наредниот период.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста