НАЈНОВИ ВЕСТИ

Одговорноста има име и презиме, но во Македонија таа е најчесто анонимна

Но, име и презиме нема за опожарената модуларна болница во кои загинаа 14 жртви. Ослободителни и условни за вработените кои беа смена, а кој го зема тендерот и дали ја изградил прописно, никој никогаш не дозна. За претходникот на Ковачевски, банални беа прашањата за одговорност.

  • Сигурно и вие забележавте, навистина банално е веќе ова прашање, Зоран Заев, поранешен премиер (20.09.2021).

Според поранешниот премиер, власта понесе одговоност за жртвите во Тетово.

  • Моралнарта одговорност е испораначана од директорот, од заменик директоорт, министерот и заменик министерот, вели Зоран Заев, поранешен премиер (20.09.2021).

Но, каде заглави кривичната одговорност. Првиот човек на Јавното обвинителство тврдеше дека одговорност ќе има, но не најави дека одговорноста е само за вработените во болницата.

  • Мислам не може да се каже дека кабелот е виновен и никој не одговара. Познато е на јавноста дека обвинителството води постапка за овој случај. Мора да сфатите дека станува збор за голема трагедија за која обвинителството презема многу дејствија, рече Љубомир Јовевски, државен обвинител на ЈОРМ (16.05.2023).

Државниот обвинител Јовевски со истиот став и за трагедијата во Ласкарци за која веќе 4 години нема пресуда.

  • Обвинителството ја заврши истрагата и во рамките на три  месеци  поднесен обвинение против 6 лица, а едно лице е правосилно осудено. Во досегашните рочишта ниту едно рочиште не е одложено поради неприсуство на јавен обвинител, вели тој.

За трагедиите во кои мора да има одгвоворност со име и презиме сепак одговорноста останува анонимна. Ниту во образованието нема идентитет кој ќе понесе одговорност. Циркузот со достава на учебници трае и оваа година, а министерот Јетон Шекири уште лани најави одговорност. Оваа година учениците ги земаа учебници на последниот училишен час, а тој како и сите надлежни се уште се на истите позиции.

  • Ако се повтори и другата учебна година некој ќе понесе одгоорност. Почнувајќи од мене од директорот на педагошка служба, но за оваа година се вратија печатенитеучебници, а сите го дадоа максимумот, вели министерот за образование. (28.11.2022).

Пред два месеци, премиерот Ковачевски вети дека проблемот со учебниците ќе биде решен, но упати и предупредување до децата.

  • Јас лично ќе се потрудам да бидат обезбедени сите учебници и повикувам сите ученици дека треба да се грижат за тие учебници, вели премиерот, (28.03.2023).

Низата на постапки според кои некој треба да понесе не само морална, туку и кривична одговоност е голема, но јавноста се уште не го знае името и презимето на главниот виновник.

Паула Костадиновска