});

Одбраната:Нухиу четири пати различно одговори кој дал наредба за евакуација на пратениците

Заменикот министер Агм Нухиу во својство на сведок даде четири различни одговори дали дал наредба за евакуација на пратениците критичниот 27 април лани за време на собраниските настани, рекоа адвокатите на денешното, повтроно маратонско судско рочиште за овој случај. Нухиу е сведок на обвинителството но и на одбраната. На почетокот на денешното рочиште настапи како експерт, па со купишта хартии читаше укази, процедури, закони на МВР, наместо директно да одговара за она што го прашува обвинителката Вилма Рускоска. Нухиу конкретно не одговараше на прашањата зошто ако тој бил во оперативниот штаб критичната ноќ пред да дојде Чавков, од помошникот Лазаров барал тој да нареди евакуација, кога Лазаров немал надлежност за командување. Заменикот министер на полицијата не ги знаеше имињата на началниците на внатрешното и надворешното обезбедување на собранието. Посочи дека критичната ноќ дури 9 пати се слушнал со началникот на СВР Скопје, но одбегна да даде прецизен одговор на адвокатот Давидовиќ, дали знаел дека токму тој началник ја имал сребрената команда, односно златна кога акција се води на ниво на СВР Скопје. Сведочењето на Нухиу траеше повеќе од едно работно време, а обвинетите за собраниските настани повторни ги стемни во судската зграда.

 

Катерина Гетева