Одбојкарите ги почнуваат финалните подготовки за Европското првенство

Players of North Macedonia celebrate victory against Turkey after the CEV EuroVolley 2021, Pool C, tournament 2, qualification volleyball match between North Macedonia and Turkey in Skopje, Republic of North Macedonia, 16 January 2021.
Македонската машка одбојкарска репрезентација по еднодневната пауза по учеството на Меморијалот „Чајка“ од стартуваат со финалните подготовки во СЦ „Борис Трајковски“ за настапот на Европското првенство кое од 30. август стартува во Скопје.
За избраниците на селекторот Јошко Миленкоски следи фналната подготвителна фаза по одигрувањето на тест натпреварите.„Може да искажам задоволство од досегашниот тек на подготовките. Го реализиравме тоа што го планиравме, секако утврдени се одредени недостатоци кои ќе мора да ги корегираме. Имаме доволно време до почетокот на шампионатот, и мислам дека максимално подготвени ќе го дочекаме Европското првенство“ изјави селекторот Миленковски.
На тренинзите од денеска се враќа и повредениот Филип Маџинков кој ја санираше повредата на коленото.
Првиот натпревар на Европското првенство Македонија го игра против Данска на 30. август. Данците наредниве денови ќе одиграат четири контролни натпревари на турнир во Хрватска.