Овчеполските земјоделци на блокади зошто надлежните бараат од нив да ги уништат сите свињи

И земјоделците од Овчеполието се кренаа на нозе. Со трактори го блокираа  центарот на Свети Николе. Незадоволни се бидејќи во радиус од десет километри од свињарската фарма треба да се уништат сите свињи, за да се заштитат од евентуална појава на африканска чума. Според одгледувачите во нивниот регион треба да се уништат од 7.000-10.000свињи.

Бараме итно носење на интервентна мерка во делот на сточарството за запирање на мерката за уништување на свињите кои не се зафатени со африканска чума. Под два , носење на интервентна мерка во делот на овчарството и говедарството за зголемување на сточниот фонд, бидејќи само оваа година во Општина Свети Николе се продадени 4000овци“-изјави Љубе Анастасов, земјоделец и сточар од Свети Николе.

Се намали и сточниот фонд, па затоа ни се заканува млечна криза објаснуваат сточарите. Пасиштата стамнаа  фарми за фотоволтаици, а поради неродовното исплаќање на субвенциите и ниската откупна цена на млекото, сточарите си ги продадоа овците.

Не ни се исплаќат субвенциите за овците, за млекото да не збореме. Што се однесува за женско јагне, само не лажат и на крајот ништо од обеќаното“-изјави Топни Димов, сточар од Свети Николе.

Покрај повлекување на решението за уништување на свињите кои не се заболени со африканска чума, земјоделците бараат субвенционирањето да остане по мерка површина, фотоволтаиците да се поставуваат на земјиште од 7класа, правилна распределна на државното земјоделско земјиште, но и да се укине задолжителното осигурување на посевите.

Сега не задолжуваат  со задолжително осигурување. Ако ја осигураме земјата, ќе добиеме субвенции. Па тоа е вистинска уцена“-вели Ангелчо Стојчев од Здружението “Овчеполски фармер“

 Земјоделците поддршка добија и од градоначалникот, кој рече доколку надлежните не им излезат во пресрет, ова зима на многу семејства им се заканува глад.

Апелирам до сите надлежни чинители, до министерот, директорот на АХВМ да најдат слух, да се видат со овие луѓе, да се сретнат и да им, помогнат. Бидејќи сите мора да живееме од нешто„-изјави Дејан Влчадев, градоначалник на Свети Николе.

Доколку министерот не се одважи и во рок од десетина дена не им одговори на нивните барања, земјоделците се заканија со блокирање на автопатите Велес-Штип и Штип- Скопје. 

Александра Ристевска

Advertisements