НАЈНОВИ ВЕСТИ

Овчеполските земојделци и денеска на протести – го блокираа патот Св. Николе – Велес

Потече вода во каналите за наводнување, ама овчеполските земјоделци и денеска останаа на барикадите.  Со трактори неколку часа ја блокираа едната коловозна лента на патот Свети Николе-Велес. Бараат одговор на прашањето зошто и покрај тоа што Калиманци е полна,нивите им горат за вода

“Со оваа вода,ни минимално не можеме да ги опслужеме нивите. Каналот би требало да биде 60-70 сантиметри полн”вели Кристијан Пеловски,земјоделец

“Апелирам до министерот и премиерот да дојдат и да го сослушаaт овој народ. Да ни го решат проблемот. И ние сме домаќини, од оваа земја ранам 10 души” изјави Драги Паоло,земјоделец.

Откако од Водостопанство открија дека во атарот на село Долни Балкан се краде вода, вчера со асистенција на полицијата се затварале вентили,со цел денесka водата да стигне до Ов;е Поле. Но за родот е веќе  доцна.

“Сега вода колку и да пуштат е џабе. Доцна е! Да беше пред 10-15дена ќе спасев нешто. Имам 6хектари и сум вложил околу 4000евра”изјави Тони Јакимовски,земјоделец. 

“Женет сум,  фамилијарен,со две бебиња,сопругата невработена. Егзистираме од земјата. Оваа година нема да можеме да ги покриеме давачките кон државата,а камоли да спечалиме нешто”, изјави Никола Стојанов,земјоделец. 

Гневот кај земјоделците е уште поголем по најавата дека е донесенa одлука за зголемување на водарината од над 60% во зависност од културата.

“Претходно беше 800, а сега се предвидува 1500. Таа цена е нереална во однос на услугата што ни ја пружат”изјави Тони Максимум,земјоделец.

Земјоделците кои протестираат веќе трет ден остануваат на ставот дека оваа година поради лошата состојба со наводнувањето треба да бидат целосно ослободени од плаќање на водарина, како и за одржување на системот кој е во лоша состојба. 

Александра Ристовска