});

Ова се 30-те најдобри фудбалери на светот- погледнете кои играчи ќе се борат за Златната топка

Франс фудбал во стилот на минатата година почна да ги објавува имињата на кандидатите за престижниот избор за Златна топка во 2018 година. На секој два часа од утринава, познатиот магазин објавуваше по пет финалисти, а во 19:30 конечно ја добивме листата од 30 играчи кои се во конкуренција за титулата најдобар на планетата.

На списокот финалисти се наоѓаат: Серхио Агуеро, Тибо Куртоа, Алисон Бекер, Карим Бензема, Герет Бејл, Кевин Де Брујн, Диего Годин, Единсон Кавани, Роберто Фирмино, минатогодишниот победник Кристијано Роналдо, потоа Н’Голо Канте, Антоан Гризман, Иско, Еден Азар, Хери Кејн, Уго Лорис, Марио Манџукиќ, Садио Мане, Марсело, Килијан Мбапе, Лионел Меси, Лука Модриќ, Јан Облак, Пол Погба, Иван Ракитиќ, Серхио Рамос, Мохамед Салах, Луис Суарез и Рафаел Варан.

Списокот од 30 кандидати го избра редакцијата на Франс фудбал, а потоа за пет финалисти гласаат по еден новинар од 176 земји ширум светот. Тие ќе гласаат пет играчи, каде првиот добива шест поени, вториот четири, третиот три и четвртиот два и петтиот добива еден поен.

Конечниот победник во трката за најдобар фудбалер ќе биде познат во декември.