Оваа власт ги злоупотреби ЕУ и НАТО во референдумското прашање

Македонија е една од ретките земји во кои има високо расположение за ЕУ и НАТО, а знаејќи го тоа, власта ги злоупотреби ЕУ и НАТО во референдумското прапање, рече професорката Гордана Силјановска Давкова на митингот во Демир Хисар.

Референдумското прашање гласеше Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на Преспанскиот договор, а власта многу добро знае какво е расположението во Македонија, рече Силјановска-Давкова.

Кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за заедничка Македонија предочи дека власта ги злоупотребува ЕУ и НАТО за да може комфорно да владее и затоа не треба да добие на претседателските избори, за да не се концентрира целата власт во рацете на оние кои не ја заслужуваат.