Објавено уште едно сведоштво за случајот „Жан Митрев“

Пациент починал поради лекарска грешка, а 10 години клиниката „Жан Митрев“ преку финансиски малверзации крадела пари од граѓаните и од институциите. Овие сомнежи ги отвори Истражувачката репортерска лабораторија во продолжението на документарецот „Нечиста крв“. Сопруга на починат пациент во клинкатата Жан Митрев тврди дека нејзиниот сопруг животот го загубил единствено поради лекарска грешка.

 Ова е рутинска операција, нема простор за плашење и ми препорача операција на Бајпас. 21 ден мојот сопруг немаше дијагноза. Крварење од коска, од анеститикот, две анестезии една по друга . Која е вистината  ? – раскажува Жанета Сарагинова, Сопруга на пациент во болницата „ЖАН МИТРЕВ“

Додека сопоругот бил во кома, Сарагинова ја повикал д-р Митрев на разговор, но дури откако поднела претставка во Фондот за здравство за ситуацијата со нејзиниот сопруг. Разговорот наместо во насока на здравствената состојба на пациентот бил околу поднесената претставка. Она што дава нова димензија на истражувањето е сведоштвото дека на Сарагинова и било кажанао оти мора да купи лек кој подоцна воопшто и не бил наведен во отпусното писмо.

Се снајдов ги купив. Чинеа 513 илјади – вели Сарагинова.

По ова, новинарите од ИРЛ се насочуваат кон финансиските малверзации во клиниката. Откриваат дека првите се од 2011 година, а имало случаи кога  Жан Митрев на пациентите им наплаќал услуги иако државата веќе му имала платено за истото, а  болницата добивала само благи казни и опомени.

Изречена е 1 милион 543 денари. За што станува збор ? – Станува збор за тоа дека во тој период Жан Митрев изведува интерфенции за ставање на фистули за вршење дијализа. Работата е што во првиот период Митрев немаше склучено договор за такви интервенции и утврдено е дека тој ги ставал фистулите и наплаќал интервенции којшто се однесуваат на операција на крвни садови, како што се артерии, големи операции со анестезија кои се 10 кратно поскапи , вели Цвете Серафимоски Директор на сектор за контрола во ФЗОМ

По објавувањето на истражувањето „Нечиста крв“ , Обвинителството отвори предмет по допрен глас, а од клиниката „Жан Митрев“  соопштија дека ќе ја достават документацијата до надлежните служби.  „Нечиста крв“ е барзирано на 24 пријави на граѓани од Македонија и Косово. Сведоштвото на Жанета Сарагинова посочува  на финансиски малверзации, но она што е најболно за неа е дека поради грешка го губи сопругот. Вели не се надева, но очекува институциите да преземат нешто.

Кристина Алексиеска

Поврзани вести