ОБСЕ/ОДИХР: Силјановска се соочува со негативни родови стереотипи

Во извештајот од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за досегашниот тек од изборната кампања за претседателските избори наведуваат низа забелешки меѓу кои и дека и натаму не е постапено по дел од претходните препораки.

ОБСЕ/ОДИХР ги забележува и ограничувања на правото да се биде избиран, ускратување на избирачките права врз основа на одземената деловна способност, детална анализа на периодичните извештаи за финансирање на кампањата и законските ограничувања во врска со својството на подносител на приговори.

Мисијата забележува и на нејаснотиите во изборниот законик доколку кандидатите водат кампања надвор од определениот период.

Мисијата нагласува дека еден од кандидатите за шеф на државата, Гордана Силјановска Давкова, подлежи на дискриминирачки и неосновани критики за нејзината возраст и пол.

Г-ѓа Силјановска Давкова се соочи со негативни родови стереотипи на социјалните медиуми, на пример коментари за нејзиниот изглед, наведуваат од ОДИХР.

Оттаму нотираат и дека генерално, жените се недоволно застапени во јавниот живот, но дека женските права и родовата еднаквост сѐ уште не се пројавија како истакнати прашања во кампањата.

ОБСЕ/ОДИХР ја набљудува изборната кампања за претседателските избори и по тој повод го објави својот периодичен извештај за периодот од 11 март до втори април

Мисија за набљудување на изборите се состои од главен тим од 11 члена, со седиште во Скопје и 18 долгорочни набљудувачи.